Достапни линкови

logo-print

Турските власти спречиле голем напад на денот на нападите во Париз


Турските власти спречиле голем напад, планиран за петокот во Истанбул, кога во Париз беа извршени крвавите терористички напади, соопшти турски владин претставник. На 13 ноември полицијата уапсила пет лица во Истанбул, вклучувајќи и соработник на познатиот озлогласен милитант „Џихади Џон“ за кој Вашингтон верува дека бил убиен во минатонеделниот напад изведен со дрон во Сирија. Осомничените влегле во Турција од Сирија. „Џихади Џон“ чие вистинско име е Мохамад Емфази е човекот кој се појавувал на снимките со обезглавување на странски заложници.

XS
SM
MD
LG