Достапни линкови

Француски авиони бомбардирале позиции на ИД во Сирија


Франција изведе воздушни напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во градот Рака во Сирија. Француското министерство за одбрана соопшти дека француски авиони фрлиле 20 бомби во Рака, уништувајќи арсенал за оружје и центар за обука на милитантите. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, говорејќи на маргините на самитот на Г20 во Турција, изјави дека Франција дејствувала во самоодбрана. Авионите полетале од Јордан, а акцијата била изведена во координација со американските сили. Во меѓувреме продолжува потрагата по човекот за кој се смета дека помогнал во организирањето на терористичките напади во Париз во петокот. За овие напади во кои загинаа околу 130 луѓе, додека над 350 беа ранети одговорноста ја презеде терористичката група Исламска држава.

XS
SM
MD
LG