Достапни линкови

logo-print

Средба на Обама и Путин на маргините на Г-20


Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин одржаа неформални разговори на маргините на самитот на Г-20 во Турција. Не беше веднаш јасно колку доглго двајцата лидери разговарале и на кои теми. Нападите во Париз во кои беа убиени 129 луѓе нејверојатно се на врвот на агендата на самитот. Американскиот заменик советник за безбедност, Роудс рече дека САД ќе работи со Франција за да ги интензивира воздушните нпади против групата на Исламската сржава во Сирија и во Ирак. Зборувајчи на маргините на самитот, Роудс рече дека добивањето на оружје директно за борците на теренот во Сирија и во Ирак изгледа дека е ефикасно во борбата против ИД. Одделно, Роудс рече дека ИД има аспирации за напади врз членки на коалицијата предводена од САД, но оти нема конкретна веродостојна закана против САД.

XS
SM
MD
LG