Достапни линкови

Во Виена договорен план за политичка транзиција во Сирија


Високите официјални претставници на средбата во Виена за мировните разговори за Сирија, се согласија за временска рамка за политичка транзиција во Сирија наменета за ставање крај на граѓанската војна во земјата. Американскиот државен секретар Џон Кери објави договор за преговори меѓу сирискиот претседател Башар ал-Асад и опозицијата, кои треба да почнат на 1 јануари. Кери рече дека кога еднаш ќе биде постигнат договор за танзициона влада, ќе биде изготвен нов устав за шест месеци и дека ќе бидат одржани нови избори во рок од 18 месецеи. Меѓутоа, клучни детали како улогата на Асад во транзицијата, остануваат нерешени. На средбата учествуваа претставници на 20 земји, која се случи еден ден по терористичките напади во Париз во кои загинаа 129 луѓе.

XS
SM
MD
LG