Достапни линкови

Убиен војник во нови судири во источна Украина


Украинската војска соопшти дека нејзин припадник е убиен на истокот на земјата. Портпаролот на армијата Олександар Мотузјанук денекса изјави дека војникот бил убиен, а осум други биле повредени во гранатирање кое се случило на околу 10 километри северно од бунтовничкото упориште во Доњецк. Од друга страна, претставниците на бунтовниците се цитирани како ја обвинуваат Украина дека користи минофрлачи и тенкови на територијата што е под нивна контрола. Борбите меѓу владините сили и про-руските сепаратисти се интензивираа по неколку недели релативен мир. На 14 октомври Украина соопшти дека се убиени пет војници на северот и на западот на регионот Доњецк. Од април 2014 година, повеќе од 7.900 луѓе се убиени во борбите на истоткот на земјата.

XS
SM
MD
LG