Достапни линкови

Ден на жалост во Косово и Албанија за жртвите во Париз


Во знак на почит кон жртвите од терористичките напади во Париз и во знак на солидрност со францускиот народ, претседателката на Косово, Атифете Јахјага денешниот ден го прогласи за Ден на жалост на Косово. Со одлуката на Јахјага знамињата се спуштени на половина копје на објектите на сите државни институции во и надвор од Косово. Албанската Влада, во знак на почит кон жртвите од терористичките напади во Париз, ден на жалост го прогласи утрешниот ден, 16 ноември. На сите државни и јавни инситуции знамињата ќе бидат спуштени на половина копје а во 12 часот ќе биде одржано едноминутно молчење. „Силно осудувајќи ги овие терористички акти, албанската Влада останува целосно ангажирана заедно со своите сојузници во борбата против тероризмот“, се наведува во соопштеноето на Владата.

XS
SM
MD
LG