Достапни линкови

logo-print

Лидерите на Г-20 фокусирани на борбата против тероризмот


Светските лидери денеска на самитот на Г-20 во јужна Турција се очекува да се фокусираат на борбата против тероризмот. Дводневниот собир во одмаралиштето Белек доаѓа откако беа убиени 129 луѓе во координирани напади во Париз, напади за кои одговорноста ја презеде групата на Исламската држава. Опишувајќи ги нападите на 13 ноември како „напад на цивилизираниот свет“ американскиот претседател Барак Обама рече дека САД ќе работи со Франција во гонењето на одговорните. Тој зборуваше на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на самитот. Ердоган рече дека на собирот ќе има „силна порака“ за борбата против тероризмот. Рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така ќе присуствува на самитот, рече дека светот ќе биде во можност да се справи со заканите од тероризмот единствено ако „мегународната заедница ги обедини своите напори.“

XS
SM
MD
LG