Достапни линкови

Уапсен француски државјанин во Лондон


Еден француски државјанин е обвинет за поседување воздушна пушка и нож, по тревога на аеродромот Гетвиг во Лондон. Северниот терминал на аеродромот бил евакуиран и биле повикани експерти за експлозиви, откако полицијата повикала на сомнителни акции од страна на човек кој наводно фрлил огнено оружје во канта за отпадоци. 41-годишниот Џером Чаурис бил уапсен од полицијата и треба да се појави на суд на 16 ноември. Северниот терминал бил затворен шест часа. Апсењето на Чаурис доаѓа во услови на зајакната безбедност по нападите во Париз во кои загинаа 129 луѓе и стотици беа повредени.

XS
SM
MD
LG