Достапни линкови

Албанија ги зајакнува безбедносните мерки


Албанскиот претседател, Бујар Нишани.

Албанскиот претседател, Бујар Нишани.

По терористичките напади во Париз, Албанија ги зајакнува безбедносните мерки, како и во многу други земји. Претседателот Бујар Нишани на итна средба го повикал директорот на албанската тајна служба - ШИШ, Вишо Ајази. Вчера токму првиот разузнавач алармирал на поголема будност, велејќи дека ИД има длабоки корени во Албанија. „Повеќе од 140 албански државјани се во редовите на ИД, при што поголемиот дел од нив се од маргинализираните групи“, изјавил Ајази. Албанскиот државен врв ги осуди терористичките напади во Париз и изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите, а во соопштението на Министертвото за надврошени работи се додава дека Албанија е на страната на Франција во борбата против тероризмот и против се она што ги загрозува „нашите заеднички вредности“.

XS
SM
MD
LG