Достапни линкови

logo-print

Клинтон повика на глобално единство против ИД


Хилари Клинтон повика на глобално единство за да се скрши ектремистичката група на Исламската држава, во пресрет на смртоносните терористички напади во Париз. Тројца кандидати за предводник на Белата куќа започнаа дебата во државата Ајова, со едноминутно молчење за жртвите во Франција. Клинтон, американскиот сенатор Берни Сандерс и поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О`Мали беа обединети во повиците на силна реакција врз групата на Исламската држава, која ја презеде одговорноста за нападите во Париз во кои беа убиени 129 луѓе и стотици беа повредени. „Ние не сме во војна со исламот“, рече Клинтон: „Ние сме во војна со насилниот екстремизам.“ Сандерс и О`Мали ја критикуваа Клинтон за нејзината поддршка на инвазијата во Ирак предводена од САД. Клинтон е главен фаворит за номинацијата на партијата на Демократите.

XS
SM
MD
LG