Достапни линкови

Франција идентификуваше еден од напаѓачите


Француските истражители идентификувале еден од напаѓачите кои во Париз убија најмалку 129 луѓе и повредија повеќе од 350. Новинската агенција АФП информираше дека 29-годишниот Омар Исмаил Мостефаи, бил идентификуван од отсечен прст пронајден на местото на еден од нападите. Мостефаи бил француски државјанин кој имал историја на ситен криминал и за кој било познато дека се радикализирал. Координираните напади на 13 ноември погодија шест различни локации во францускиот главен град, вклучително концерна сала, стадион, ресторани и барови. Седум тешко вооружени напаѓачи кои носеа експлозивни појаси, беа убиени. Милитантите на групата на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападите, кои се однесуваат на француските воздушни напади протв екстремистичката група во Сирија и во Ирак. Францускиот претседател Франсоа Оланд воведе вонредна состојба по најсмртоносниот терористички напад во Европа по бомбашките напади во Мадрид во 2004 година.

XS
SM
MD
LG