Достапни линкови

Времето денеска: сончево со слаба облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 11 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветер од променлив правец и со температурата до 16 степени. Подрачјето на Македонија и понатаму останува во поле на зголемен воздушен притисок, така што во текот на новата роботна недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини и речни долини ќе има и услови за појава на слаба утринска магла, особено во вторник.

XS
SM
MD
LG