Достапни линкови

Најмалку седум загинати во железничка несреќа во Франција


Најмалку седум луѓе загинаа попладнево кога француски брз воз излета од шините во близина на Стразбур за време на тест возење поради „преголема брзина“, објави француската новинска агенција Франц прес. Возот паднал во канал во близина на пругата. Железничката несреќа се случи во Екверсхаим во источна Франција, додека техничарите што биле во возот го спроведувале тестот. Возот не превезувал патници. Полицијата, сепак вели дека причините за несреќата сè уште не се утврдени. Извори од истрагата соопштија дека во возот имало десетици техничари.

Фотографии кои ги направил фотографот на новинската агенција Ројтерс покажуваат локомотива делумно потопена во канал и вагони расфрлани околу пругата. Медицински екипи и полициските нуркачи се на местото на настанот.

XS
SM
MD
LG