Достапни линкови

Оер - Франција е во голем шок


Франција е во голем шок бидејќи се соочи со атентат кој однесе голем број жртви, а не ни замислувавме дека по 11 јануари ќе се соочиме со такви ужасни сцени. Бројот на жртви изнесува 128 луѓе, а 252 лица се сериозно повредени од кои 80 се борат за живот, изјави денеска француската амбасадорка во Mакеоднија Лоренс Оер.

Досегашната истрага покажала дека еден од напаѓачите бил француски државјанин кој неодамна го прифатил исламот.

„Сето ова го кажувам затоа што сакам да потенцирам дека заканата не е дојдена од надвор. Францускиот претседател Оланд реши да прогласи тридненва жалост со едноминутен молк во Франција, но и насекаде низ светот каде што Франција е присутна, во понеделник во 12 часот. Сите настани се откажани поради безбедносните мерки коишто се донесени, и дополнителните безбедносни мерки коишто ги донесе претседателот. Во сите европски држави, но и овде се организираат совети за безбедност“, истакна Оер.

XS
SM
MD
LG