Достапни линкови

Вечерва ќе заседава Советот за безбедност


Претседателот Ѓорге Иванов, за вечерва во 19 часот свика седница на Советот за безбедност во проширен состав, по терористичките напади во Париз, соопшти наговиот кабинет.

На седницата на Советот за безбедност ќе присуствуваат шефот на државата Ѓорге Иванов, претседател на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана и за внатрешни работи, Зоран Јолевски и Оливер Спасовски, шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и членовите на Советот Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

Претседателот Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи Никола Тодоров, директорот на Центарот за управување со кризи и раководителот на Групата за процена Сузана Салиу, заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков, началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев, директорот на УБК Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбдност Горанчо Савовски, раководителот на сектор во Службата за воена безбедност и разузнавање Фердинанд Оџаков и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија Емил Димитриев.

XS
SM
MD
LG