Достапни линкови

Партиите со осуда за нападите во Париз


Партиите во Македонија ги осудуваат терористичките напади вo Париз и изразуваат сочувство за настраданите. ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека „ова претставува удар не само за Франција и францускиот народ, туку и удар кон демократските вредности и слободата“. СДСМ во своето соопштение наведува дека терористичкиот напад во Франција е напад на универзалните вредности за слобода, еднаквост и солидарност. Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вели дека одземањето на нечиј живот и овие терористички акти, не се прават во име на која било националност, ниту една раса, ниту религија, но се акти на лудило кое заслужува поголема казна

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска испрати телеграма со сочувство по повод загубата на човечки животи по терористичките напади во Париз. Во неа се наведува дека со згрозеност и со вознемиреност ги примиле вестите за крвавите терористичките напади во Париз и дека длабоко жалат за настраданите.

XS
SM
MD
LG