Достапни линкови

МВР: Не постои конкретна закана по безбедноста


Во моментов не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија, соопшти МВР. По терористичките напади во Париз министерот Оливер Спасовски и највисокото раководство во МВР одржале колегиум на кој се донесени повеќе заклучоци кои веднаш ќе бидат реализирани.

На колегиумот, како што информира МВР, било констатирано дека ќе биде зајакната безбедноста во и околу објектите кои се во функција на полицијата, ќе бидат зајакнати мерките и активности при обезбедување на јавни собири и спортски манифестации на кои има присуство на поголем број граѓани, како и зајакнување на контролата над мигрантите кои остваруваат влез во Македонија, а посебно во привремениот транзитен центар во Гевгелија, како и на северната и јужната граница опфатени со Одлуката за прогласена кризна состојба, се вели во соопштението од МВР.

XS
SM
MD
LG