Достапни линкови

Иванов ќе го свика Советот за безбедност


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов по денешната обиколка на јужната гранична линија најави дека поради последните случувања со бегалската криза вечерва ќе го свика Советот за безбедност. Тој изјави дека армијата веќе аларамира дека има се повеќе лица кои излегуваат од „Котата 59“ и илегално преминуваат на премини кои не се одбележани. Тоа, според него,ќе подразбира презмење посебни мерки од страна на АРМ со цел да се насочуваат тие лица кои избегнуваат да бидат регистрирани.

Иванов смета дека штом избегнуваат да бидат регистрирани тоа дава основано сомневање дека станува збор за лица, кои секако, немаат добри намери. Терористичките напади во Париз, како што наведе тој ќе имаат реакција и врз бегалската криза. Иванов порача и дека Македонија нема да гради бегалски кампови, туку останува транзитна зона.

XS
SM
MD
LG