Достапни линкови

Груевски испрати писмо со сочуство до францускиот премиер


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски по повод нападите во Париз испрати писмо со сочувство до францускиот премиер Мануел Валс. Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Париз кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени и во овие тешки мигови на тага на пријателскиот француски народ, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување, наведува премиерот во писмото.

Тој додава и дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ. Груевски порачува и дека Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со сојузниците во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваат.

XS
SM
MD
LG