Достапни линкови

Македонските политичари упатија сочувство до Оланд


Претседателот на СДСМ Зоран Заев по терористичките напади во Париз упати тереграма со сочувство и поддршка до францискиот претседател Франсоа Оланд. „Изразувам искрено и длабоко жалење и сочувство за жрвите во грозоморните терористички напади што минатата ноќ го потресоа Париз и светот, во мое име, во име на Социјалдемократскиот сојуз и на граѓаните на Република Македонија, се вели во телеграмата со сочувство. Нашите мисли, како што се наведува, од синоќа се кон стотиците жртви и повредени во тешките терористички акти, со нивните семејства и со граѓаните на Република Франција. Нападите на Париз се напад врз целото човештвото. Никој нема право да го одзема мирот, спокојот, сигурноста и безбедноста на граѓаните каде и да живеат.

Претходно претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Париз, упати сочувство до Претседателот на Француската Република Франсоа Оланд. „Со шок, неверување и чувство на огорченост ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз и длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот чин. Ова е напад не само против граѓаните на Париз, туку и против врвните европски и општочовечки вредности и принципи“, наведува Иванов.

XS
SM
MD
LG