Достапни линкови

Дипломатите не очекуваат напредок во сириските мировни преговори


Дипломатите имаат скромни очекувања во однос на последниот круг на денешните сириските мировни преговори, на кои ќе учествуваат преговарачи од Русија, САД, Европа и Блискиот Исток. „Постојат голем број на тешки прашања, од кои иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад е вереојатно најтешкото, и тоа сугурно ќе биде важна тема“, рече британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд откако се сретна со неговиот египетски колега Самех Шукри. Хамон да повтори оценката на американскиот државен секретар Џон Кери кој рече дека Асад останува главна препрека меѓу Западот и арапските заливски држави. Кери предупреди дека брз пробив е малку веројатен во преговорите. „Ѕидовите на недоворба во Сирија, во рамките на регионот, во рамките на меѓународната заедница се дебели и високи“ рече Кери.

XS
SM
MD
LG