Достапни линкови

logo-print

Светските лидери ги осудија нападите во Париз


Светските лидери го осудуваат нападот во Париз во кој загинаа повеќе од 120 луѓе. Американскиот претседател Барак Обама нападите на 13 ноември од страна на напаѓачите кои извикувале исламистички слогани, ги нарече напади врз целото човештво и врз универзалните вредности кои ги споделуваме. Британскиот премиер Дејвид Камерон вети: „ќе направиме се што можеме за да помогнеме.“ Кинескиот претседател Кси Џинпинг го осуди „во најсилните начини овој варварски чин.“ Иранскиот претседател Хасан Рохани ги нарече нападите „злосторства против човештвото“ и најави дека ќе ја одложи посетата на Париз за овој викенд. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство. Авганистанскиот главен извршен директор Абдула Абдула на Твитер напиша „овие брутални варварски и кукавички напади покажуваат дека терористите немаат релегија... Глобалните напори мораат да го елиминираат тероризмот.“

XS
SM
MD
LG