Достапни линкови

ИД одговорна за нападот во Ирак


Исламската држава ја презема одговорноста за нападот на погреб на провладин борец во југозападниот дел на ирачкиот главен град Багдад во кој загинаа најмалку 18 луѓе. Во нападот беа повредени и 41 лице. Од Исламската држава соопштија дека нивен борец кој носел самоубиствен елек го детонирал експлозивот на погребот. Според милитантите, целта на нападот биле припадници на шиитската милитија кои се борат против Исалмската држава во северниот и западниот дел на Ирак.

XS
SM
MD
LG