Достапни линкови

Вишеградската група со поддршка за Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави денеска дека Македонија ја има поддршката од земјите од Вишеградската група (Чешка, Полска, Словачка, Унгарија) по прашањето на проблемот на бегалците. Попоски кој учествуваше на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан во Прага на прашањето кои би биле последиците ако земјите на балканската рута ги затворат границите за бегалците тој подвлече дека Македонија се соочува со голем притисок од секојдневниот бран мигранти и прашање е како да се спротивстави.

Според него, постојат сериозни притисоци во земјите кои примаат мигранти, а од друга страна е прашањето за нивната релокација и за недозволување на можноста за затворање на границите. Попоски порача и дека сугерирале да се направи стратегија, бидејќи никоја од земјите нема капацитет да се справи со тоа прашање сама.

Земјите на Вишеградската група во заедничката изјава за Западен Балкан ја изразија потребата за изнаоѓање начин да се деблокира процесот на интеграција во ЕУ на Македонија, како и целосна потреба за членство на земјата во НАТО.

XS
SM
MD
LG