Достапни линкови

logo-print

Барзани прогласи ослободување на Синџар


Ирачкиот курдски регионален претседател Масуд Барзани

Ирачкиот курдски регионален претседател Масуд Барзани

Ирачкиот курдски регионален претседател Масуд Барзани изјави денеска дека курдските сили ја преземале контролата врз северниот град Синџар од милитантите на Исламската држава. Тој порача дека ослободувањето на градот ќе има големо влијание врз напорите за освојување и на Мосул, кој исто така е под контрола на Исламската држава. Курдските Пешмерга борци офанзивата ја започнаа пред три дена поддржани од американски воздушни напади.

Вчера курдските сили ја преземаа контролата и врз стратешкиот автопат за милитантите во околината на градот. Автопатот кој поминува низ Синџар е клучен за милитантите бидејќи ги поврзува со нивното засолниште во Рака и со сирискиот град Мосул, кој исто така е под контрола на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG