Достапни линкови

Ванхауте се запозна со состојбата во медиумите


Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте денеска одржа консултативна средба со претствници на медиумите во Македонија. Ванхауте на средбата бил информиран кои се реформите што најитно треба да се направат се со цел подобрување на медиумската слика, особено пред изборите.

Приоритети, според Ванхауте се: намалување на насилството врз новинарите, подобрување на пристапот до информации, да се намали клевета врз новинарите, да нема политичко рекламирање, промени во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми и во јавниот сервис и да нема владини реклами во медиумите. По средбата, во Клубот на пратениците тој се сретна и со претставниците на четирите политички партии дел од Работните групи да разговараат за медиумите.

XS
SM
MD
LG