Достапни линкови

logo-print

Спасовски со нова телеграма за овластувањата во МВР


Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Македонија.

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со нова телеграма ги информирал вработените во МВР на што се однесува неговиот вчерашен допис со кој престанаа да важат овластувањата од поранешните министри за раководните лица во Министерството.

Тој информира дека телеграмата се однесува на сите пренесени овластувања, освен овластувањата за донесување решенија, други управни акти и документи во управни работи, овластувањата за прием и заведување на актите во деловник и уписник и овластувањата за ракување со печати и штембили, кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластуавања.

XS
SM
MD
LG