Достапни линкови

logo-print

Русија ќе спроведува антидопинг реформи


Рускиот министер за спорт Витали Мутко

Рускиот министер за спорт Витали Мутко

Рускиот министер за спорт Витали Мутко изјави денеска дека земјата понудила широка соработка за спроведување на реформи во антидопинг програмата. Според него, Русија е подготвена и да воспостави нова антидопинг организација. Но, тој исто така ги нарече апсурдни обвинувањата од Светската антидопинг организација. На руските атлетичари поради допинг им се заканува суспензија и забрана за настап на Олимписките игри во 2016 година.

XS
SM
MD
LG