Достапни линкови

logo-print

Ликвидиран „Џихади Џон“ ?


Висок степен на сигурност има дека во американскиот воздушен напад бил убиен Мохамад Емфази, милитант на Исламската држава, познат како „Џихади Џон“, јави ББЦ цитирајќи британски воен претставник. Во меѓувреме, американски медиуми јавија дека воздушниот напад во ирачкиот град Рака бил изведен без грешка, при што милитантот Емфази бил ликивидиран. Но, британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека останува нејасно дали Емфази загинал во нападот.

Емфази се појави на неколку видео снимки на кои е прикажано убивање на странски заложници. Емфази, кој работел во Лондон како компјутерски програмер е роден во Кувајт и има ирачко потекло. Неговите родители се преселиле во Британија во 1993 година.

XS
SM
MD
LG