Достапни линкови

Мигранската рута се стеснува


Бодликава жица на границата меѓу Словенија и Хрватска.
Бодликава жица на границата меѓу Словенија и Хрватска.

На прагот на зимата и во услови на политичка криза, земјата е пред уште еден предизвик, како ќе се справи ако мигрантите заседнат во Македонија.

Балканот станува тесно грло за мигрантите откако Словенија реши да подигне бодликава жица на границата со Хрватска, за да се справи со неконтролираниот прилив на мигранти, но не и да го запре во целост. Претходно ограда изгради Унгарија. На прагот на зимата и во услови на политичка криза, земјата е пред уште еден предизвик, како ќе се справи ако мигрантите заседнат во Македонија.

Нашата моментална ситуација во однос на економскиот дел ќе ни влече многу средства за да можеме да изменаџираме толкав голем прилив на бегалци.
Стефан Буџаковски, универзитетски професор.

ЕУ одлучи да ја зајакне контролата на своите граници со воспоставување контролни точки во Италија и Грција, каде ќе се утврдува кои се бегалци од војните и кој може да добие азил. Тие кои нема да се регистрираат во Грција дополнително тоа да го направат во центри на Балканот.

Универзитетскиот професор Стефан Буџаковски вели дека од една страна Грција ќе ги пушта мигрантите на наша територија, а од друга страна се попречуваат нивното движење, со што Западен Балкан, вклучително и земјава ќе се соочат со огромен проблем.

„Нашата моментална ситуација во однос на економскиот дел ќе ни влече многу средства за да можеме да изменаџираме толкав голем прилив на бегалци, не само од аспект на обезбедување храна и други услови, понатаму сместување, бидејќи сега времето заладува, ќе испадне многу дополнително влечење на средства за да можеме понатаму да се справиме со таа криза. Проблем е што тој проток не да се намалува, се зголемува“, вели Буџаковски.

Бегалската криза е светски проблем, но сепак одредени мерки и дејствија остануваат на товар на самите држави.

„Македонија во однос на тој дел ќе има многу проблеми и многу тешко ќе се добијат средства од кои било меѓународни институции за справување со бегалската криза“, вели Буџаковски.

Балкански кафез за мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:03 0:00

Поранешниот министер за внатрешни работи и сегашен пратеник Павле Трајанов пак не очекува хаотична состојба на Балканот, односно не очекува голем бран на бегалци за кои нема да биде дефинирана трасата на движење.

„Но како држава мораме да бидеме крајно внимателни и претпазливи бидејќи ќе претрпиме огромни критики ако повторно употребиме сила над тие што бегаат од војната и од насилството во Сирија и од некои други држави на Блискиот Исток. Одговорноста паѓа на државниот врв, на институциите добро да се подготват, активностите да бидат синхронизирани и на тој начин и да се покажеме дека сепак ние сме хумани, како граѓани, како држава, но исто така водиме сметка за нашите државни интереси.“

Минатиот месец, лидерите на ЕУ се согласија со балканските земји да се обезбеди сместување за 50 илјади луѓе. Тогаш претседателот Ѓорге Иванов рече дека Македонија може да прифати 2.000 мигранти.

Во најновиот извештајот за напредокот, Европската комисија препорачува Македонија да ги зајакне капацитетите за мешовита економско-бегалска миграција, рано да гивоочи ранливите категории бегалци, потоа да обезбеди граничната контрола и спречување на трговија со луѓе и да донесе нова анти-терористичка стратегија и мерки за спречување на радикализација.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG