Достапни линкови

Спасовски: Престануваат да важат овластувањата на раководните лица во МВР


Оливер Спасовски

Оливер Спасовски

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, избран од редовите на СДСМ, синоќа со телеграма ги известил сите раководни лица дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата, односно до неговиот избор. „Како министер за внатрешни работи избран со Одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, врз основа на законските овластувања информирам дека сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи кои раководеле со МВР до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата на РМ, престануваат да важат. Со содржината на телеграмата да бидат запознаени сите работници во МВР“, стои во телеграмата потпишана од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, објавена во медиумите. На функцијата Спасовски беше избран завчера, по гласањето на законите што произлегоа од Договорот во Пржино за надминување на политичката криза.

XS
SM
MD
LG