Достапни линкови

ЕУ ќе одржи самит за мигрантите со Турција


Кон крајот на ноември или почетокот на декември Европската унија ќе одржи самит посветен на мигрантската криза, на кој ќе биде поканета и Турција, изјави во Ла Валета на Малта германскиот канцелар Ангела Меркел. Самит го потврди и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој нагласи дека средбата ќе се одржи во следните недели, но оти датумот се уште не е точно прецизиран. „Подготвени сме да одржиме посебен самит со Турција што е можно побрзо. Се уште не го знаеме датумот, но тој сигурно ќе се случи во текот на оваа година“, изјави Туск во Ла Валета по средбата на лидерите на земјите членки на Унијата со нивни колеги од африканските држави, на која се расправаше за начините за запирање на приливот на имигранти од Африка во Европа преку Средоземното Море.

XS
SM
MD
LG