Достапни линкови

Поставени 5 километри ограда на словенечката граница


Поставувањето на оградата на границата на Словенија.

Поставувањето на оградата на границата на Словенија.

Словенечката полиција соопшти денеска дека за еден ден поставила ограда од пет километри на границата со Хрватска. Целта на оградата, како што соопштија властите е да се контролира приливот на мигранти во земјата. Според властите, Словенија нема да ги затвора границите. Хрватското министерство за надворешни и европски работи на словенечки амбасадор во Загреб му врачи остар протест поради поставувањето ограда на границата меѓу двете земји. Хрватска ја повика Словенија во најкус рок да ја отстрани оградата. Љубљана планира оградата да биде во должина од 80 километри.

XS
SM
MD
LG