Достапни линкови

Пад на руската економија


Руската економија забележала пад од 4,1 процент во третиот квартал на годинава, покажуваат официјалните статистички податоци. Причината е рецесијата предизвикана од ниските цени на нафтата и западните санкции врз Русија, поради улогата на земјата во конфликтот во источна Украина.

Државната статистичка агенција Ростат соопшти дека има мало подобрување во однос на владините проекции дека падот ќе изнесува 4,3 проценти споредбено со истиот период во 2014 година. Но, според податоците Русија останува во тешка ситуација. Според владините проценки, економијата на земјата ќе се намали за 3,9 отсто годинава.

XS
SM
MD
LG