Достапни линкови

Украина го призна геноцидот врз кримските Татари


Украинскиот парламент одобри резолуција со која се наведува дека масовната депортација на кримските Татари во 1944 година е окарактеризирана како геноцид. Според резолуцијата, 18 мај ќе биде денот кога ќе се одбележува сеќавањето на жртвите. Активисти вршеа притисок врз украинските власти во изминатите години да признаат дека депортацијата на кримските Татари била геноцид.

Советскиот диктатор Јозеф Сталин нареди да бидат депортирани кримските Татари на 18 мај во 1994 година, бидејќи тие наводно соработувале со нацистите за време на Втората Светска Војна. Околу 180 илјади кримски Татари беа депортирани во Централна Азија или Сибир.

XS
SM
MD
LG