Достапни линкови

Формирано здружение на Грци во Македонија


Грците во Македонија формираа здружение чие мото ќе биде обединети за подобра иднина. Претседателот на здружението, Никос Франгопулос изјави дека ќе работат на зацврстување на односите меѓу граѓаните на двете земји. Идејата и иницијативата за основањето на здружението е од група грчки граѓани кои живеат и работат во Скопје. На промоцијата на здружението присуствуваше и грчкиот амбасадор во земјава Харис Лалакос.

XS
SM
MD
LG