Достапни линкови

Туск-Шенген зоната на работ на колапс


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск меѓу лидерите на ЕУ во Малта

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск меѓу лидерите на ЕУ во Малта

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предупреди денеска дека шенген зоната е на работ на колапс како резултат на мигрантската криза. Говорејќи на самитот на ЕУи Африка во Малта тој нагласи и дека спасувањето на шенген зоната е трка против времето во која се одлучни да победат.

Неговиот коментар доаѓа по одлуката на Австрија, Германија, Унгарија, Словенија и Шведска да воведат гранична контрола или да подигнат ограда со цел да го контролираат приливот мигранти на нивна територија. Лидерите на ЕУ на самитот донесоа одлука да се воспостави итен фонд за Африка во износ од 2 милијарди долари за борбата со сиромаштијата и конфликтите со цел да се спречи миграцијата.

XS
SM
MD
LG