Достапни линкови

Офанзива на ирачките сили против ИД во Синџар


Ирачките курдски сили поддржани од американската воздушна кампања започнаа офанзива против милитантите на Исламската држава за преземање на контролата врз стратешкиот град Синџар. Милитантите го освоија градот во август минатата година и ги принудија припадниците на малцинството Јизиди да побараат засолниште во околните планини. Синџар се наоѓа покрај клучниот пат кој води до сириските засолништа на милитантите и до градот Мосул во северен Ирак, кој исто така е под контрола на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG