Достапни линкови

ЗНМ-Извештајот за медиумите најкритичен, но и најреален


Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Од Здружението на новинари денеска соопштија дека годинешниот извештај на Европската комисија за Македонија во делот за слободата на изразувањето и слободата на медиумите е најкритичен, но и најреален досега. Претседателот на здружението, Насер Селмани изјави дека Брисел јасно и недвосмислено вели дека слободата на медиумите во Македонија назадува, посочувајќи ги причините за тоа, како што се насилство против новинарите, индиректното и директното вмешување на владата во уредувачката политика на медиумите преку нетранспарентно владино рекламирање, до зависна Македонска радио телевизија и зависен медиумскиот регулатор.

Тој изрази надеж дека извештајот ќе влијае на македонската влада сериозно да ги сфати предупредувањата од Брисел и поискрено да се заложи за решавање на проблемите со медиумите.

XS
SM
MD
LG