Достапни линкови

Собир за поддршка на повредениот лекар на Клинички центар


Група здравствени работници од неколку клиники денеска одржаа собир во знак на поддршка на нивниот колега Љубомир Огњеновиќ од Клиниката за дигестивна хирургија, кој беше повреден од огнено оружје на неговото работно место. Претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центри, Горан Беговиќ изјави дека ја ценат моралната одговорност од министерот и ја ценат повелбата за донесување закон за докторска дејност. Според него, тоа значи дека се за соработка и изрази надеж дека надлежните институции ќе го разберат протестот и понатаму со нив ќе имаат рамноправна комуникација.

XS
SM
MD
LG