Достапни линкови

Работа во администрација пред сопствен бизнис


Додека кај нас голем дел од младите чекаат државна работа, во светот 95 проценти од нововработените се во приватни фирми.

Цел на повеќето млади во државата, па со тоа и во Битола, им е да фатат место во јавната администрација, отколку да отворат бизнис, вели Сашо Додовски од битолскиот Младински културен центар, организација која досега во повеќе наврати организирала трибини и дискусии за невработеноста и претприемништвото.

Во општество во кое сите граѓани, а пред се младите имаат цел да се вработат во јавната администрација и тоа како е потребно поттикнување и развивање на претприемачките афинитети, зашто малите и средни претпријатија и тоа како помагаат во намалување на невработеноста.

„Во општество во кое сите граѓани, а пред се младите имаат цел да се вработат во јавната администрација и тоа како е потребно поттикнување и развивање на претприемачките афинитети, зашто малите и средни претпријатија и тоа како помагаат во намалување на невработеноста. Но, самата атмосфера и менталитетот е дека најслесен е начинот да се добива плата од државата, едноствано без поголеми напори обезбедена е сигурна егзистенција, но тоа само ја загушува националната економија, превработеноста во администрацијата е голема“, вели Додовски.

Според него, на Битола и се потребни повеќе нови бизниси и успешни претприемачи.

„И покрај сите силни мерки што државата ги преземаше во изминатиот период, факт е дека премал е бројот на успешни бизнис приказни. За еден град како Битола е доволно десетина бизниси да се отвораат годишно и тие ќе дадат ефект бидејќи генерираат нови работни места“, додава Додовски.

На неодамна одржаната трибина за претприемништвото во Битола, Глигор Бишев, банкар и универзитетски професор истакна дека во споредба со европските земји кај нас недостигаат фирми со услужни дејности.

„Она што денес се случува во Македонија, според информациите што ги имаме, во просек околу 3 илјади до 4 илјади нови фирми се формираат и околу 2.000 потенцијални претприемачи поминуваат низ обуките како да се направи бизнис план. Во Македонија се уште доминираат производствените сектори околу 60 проценти, а останатите сектори и услугите се околу 25 проценти. Во високо развиените земји тоа е обратно.

Додека кај нас голем дел од младите чекаат државна работа, во светот 95 проценти од нововработените се во млади приватни фирми.

„Порано економскиот напредок на секоја земја се мереше по тоа колку текстилни и фабрики за челик има, но денес тоа е минато. Младите фирми во временски хоризонт од пет до десет години во најразвиените земји вработуваат скоро 95 проценти од нововработените. Она што сем го навикнале секој ден да одиме на работа во фабрика или канцеларија, тоа ќе стане минато и најголем дел од производството или услугите ќе се врши од дома“, рече Бишев.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG