Достапни линкови

Владејачката Сириза повикува на генерален штрај во Грција


Владејачката партија Сириза ги повика сите Грци да учествуваат во генералниот 24-часовен штрајк против политиката на штедење што самата ја спроведува, јави МИА од Атина.

Секторот на партијата задолжен за работничките прашања, издаде соопштение „против екстремните нео либерални политики“ и бара од Владата повторно да преговара со доверителите, овој пат за договор во кој повеќе акцент ќе биде ставен врз прашања поврзани со работничките права.

Во соопштението се апелира до вработените, пензионерите и младите да учествуваат масовно на денешниот генерален штрајк што го организираат синдикатите.

Двата најголеми синдикати во Грција денеска организираат штрајк против мерките за штедење и контроверзните реформи на кои Атина се согласи да со цел да добие финансиска помош од меѓународните кредитори. Повикот на најголемите синдикати за 24-часовен штрајк го поддржаа и неколку помали синдикални организации.

Денеска се затворени сите владини институции, болниците работат со неопходен персонал, јавниот превоз е сведен на минимум, а метрото и железничкиот сообраќај во Атина воопшто не работат

XS
SM
MD
LG