Достапни линкови

Порошенко: ситуацијата во источна Украина се влошува


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека ситуацијата во источна Украина во последно време се влошува и оти повторно е под закана безбедноста, како и територијалниот интегритет на земјата. Тој на седницата на Националниот совет за безбедност наведе дека имало обиди од страна на проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск за провоцирање на украинските сили. Во Киев е соопштено дека во изминативе 24 часа во источниот дел на земјата бил убиен еден војник, додека петмина други биле ранети во вооружени инциденти со проруските бунтовници.

XS
SM
MD
LG