Достапни линкови

Шведска воведува привремена гранична контрола


Шведска привремено ќе воведе контрола на нејзините граници за да се справи со бранот бегалци кој се заканува, како што соопшти владата во Стокхолм, да ги загрози јавниот ред и мир во земјата. „Миграциската служба е под голем притисок, а полицијата оцени дека постои опасност од загрозување на редот и мирот“, изјави шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман. Во Шведска од септември досега пристигнале околу 80 илјади бегалци, а се очекува до крајот на годинава таму да пристигнат уште над 100 илјади.

XS
SM
MD
LG