Достапни линкови

Суспендирана резолуцијата за независност на Каталонија


Уставниот суд на Шпанија синоќа ја суспендира резолуцијата на каталонскиот парламент со кој се покренува процес за отцепување на тој регион од Шпанија, јавуваат новинските агенции, повикувајќи се на извори во судот. Вкупно 11 судии ја уважиле тужбата поднесена од шпанската влада со што автоматски се суспендира каталонската резолуција се додека Уставниот суд детално не го разгледа документот. Каталонската влада во Барселона веднаш наведе дека ќе продолжи да ја спроведува резолуцијата без оглед на оваа судска одлука. Резолуцијата беше усвоена во понеделникот и и дава на владата рок од еден месец да почне да работи на нов каталонски устав за кој би се гласал до средината на 2017 година.

XS
SM
MD
LG