Достапни линкови

Словенија ја оградува границата со Хрватска


Словенија почна, со бодликав тел, да ја оградува границата со Хрватска во обид да го запре рекордниот прилив мигранти и бегалци. Словенија во минатиот месец се најде на балканската мигрантска рута откако Унгарија ја затвори нејзината граница со Хрватска и Србија. За тоа време околу 180 илјади мигранти и бегалци минаа низ Словенија на патот за Австрија, Германија и Шведска. Љубљана планира оградата да биде во должина од 80 километри. Границата меѓу Словенија и Хрватска е долга 670 километри.

XS
SM
MD
LG