Достапни линкови

Италија сака забрзан прием на земјите од Балканот во ЕУ


италијанскиот премиер Матео Ренци

италијанскиот премиер Матео Ренци

Европската унија би требало приоритет да и биде приемот на земјите од Балканот, со оглед на тоа што тие се на првата линија на европската бегалска криза. Ова го изјави италијанскиот премиер Матео Ренци за германскиот весник „Ди Велт“. „Унијата се прошири на исток. Но, би била трагична и историска грешка доколку во тоа не бидат вклучени и балканските земји“, рече тој. Во минатата недела претставници на Европската унија изразија загриженост дека шверцерите со луѓе би можело да отворат нова поморска рута од Албанија за Италија, доколку бидат затворени границите на Балканот за мигрантите. Европската унија, како што потсетува „Ди Велт“, веќе сигнализирала дека најверојатно нема да прима нови членки до крајот на оваа деценија.

XS
SM
MD
LG