Достапни линкови

Извештај за назадувањето на Македонија


Дебатата „Има ли излез од безизлезот!?

Дебатата „Има ли излез од безизлезот!?

Најкритички извештај досега, извештај за назадувањето, пишуван на најнедипломатски начин, ова се дел од коментарите на упатените за извештајот на ЕК за Македонија.

Ова е најкритичкиот извештај на ЕУ во последните седум години откако Македонија ја има препораката за преговори, рече Бојан Маричиќ извршен директор на МЦЕО на дебатата „Има ли излез од безизлезот!?, посветена на политичката криза и Извештајот на ЕК за Македонија.

Европската комисија имаше до сега шанса да одреагира многу порано, на многу посоодветен начин, да ги превенира дел од овие работи во оваа држава, бидејќи беше директно, јасно предупредувана од критичката јавност, но таа мижеше, ги затвораше очите и сега се доведовме во ситуација во којашто сме.

Запрашан да го коментира ставот на премиерот за Извештајот, кој рече дека ќе го чекал извештајот на народот на изборите во април 2015, Маричиќ вели дека ставот е различен од тоа што досега сме го слушале, односно наместо обиди за спинување на извештајот и прикажување дека е позитивен за владата, сега немало простор за поинаква интерпретација.

„Бидејќи извештајот е прилично јасен, многу конкретен и укажува конкретно на кои владини институции, дури и кои владини претставници имаат најголема одговорност за ситуацијата во која се наоѓа државата, бидејќи немаше простор за спинување, логично беше тоа на кое често прибегнува владата во последно време, дека народот ќе одлучи, веројатно така и ќе биде, народот ќе одлучи идната година, во април 2016, но овој извештај треба да помогне исто така граѓаните да знаат што точно се случувало“, вели Маричиќ.

На дебата организирана од МЦЕО и Фондацијата отворено општество еден ден по објавување на извештајот група експерти дебатираа за клучните теми нотирани во извештајот, за судството, медиумите, економијата, изборите, соживотот.

Пратеничката Ермира Мехмети вели дека извештајот е пишуван на најнедипломатскиот јазик до сега. Во извештајот не се нотира прогрес, туку стагнација, а во многу сфери се нотира и регрес, вели мехмети.

„Да бев премиер, веднаш ќе дадев оставка после ваков извештај, со оглед на тоа што криминалите од прислушкуваните разговори се инкорпорирани во тој извештај како факти“, рече Мехмети.

Таа зборуваше за изборите и изборната реформа, за кои вели дека повеќе се зборува за формата отколку за содржината. Мехмети прашува и за тоа која е гаранцијата дека со промената на изборниот закон во листите на пратеници нема да се најдат повторно истите политичари коишто ја злоупотребуваат власта.

„Ние ќе одиме на избори само со формални реформи доколку специјалното обвинителство во април не ги повика на одговорност сите вршители на јавни функции кои ги злоупотребија нивните положби. Се додека сите не се соочат со одговорност, ние ќе имаме само делумна одговорност“, рече Мехмети.

Новинарот Васко Попетревски вели дека Европската Комисија продолжува да биде неконзистентна, нелогична, непостојана, за што дава и конкретни примери.

„Лани, ако ја читаме препораката за почеток на преговори, Комисијата бара од властите да преземат одлучувачки чекори за да ги адресираат загриженостите за растечката политизација и растечките недостатоци во врска со слободата на судството и слободата на изразување за да може препораката да остане следните години. Сега ги барам судството и медиумите во оваа година. За судството се вели дека бележи јасно назадување, во медиумите вели дека ситуацијата бележи назадување. Дали решавачки чекори и назадување се синоними или се антоними?“, вели Попетревски и додава дека не е восхитен од овој извештај на ЕК.

„Европската комисија имаше до сега шанса да одреагира многу порано, на многу посоодветен начин, да ги превенира дел од овие работи во оваа држава, бидејќи беше директно, јасно предупредувана од критичката јавност, дел од медиумите, дел од невладиниот сектор, дел од универзитот фела, дека работите не одат како што треба, но таа мижеше, ги затвораше очите и сега се доведовме во ситуација во којашто сме.“

Ние добивме извештај за назадување на Македонија, вели професорката Гордана Бужаровска, член на Управниот одбор на ФООМ. Таа вели дека ЕУ први отстапка за Македонија и наместо еднаш двапати ја оценува.

„Оттука ја оправдувам Европската комисија во тој нејзин скептицизам дека еднаш дадената оцена за нас некако брзо ја забораваме, вака нè држи на стенд бај. Сега останува на нас по кој пат ќе продолжиме, по европските вредности или она што значат инкриминирачки активности на коишто бевме сведоци во изминатиот период“, вели Бужаровска.

Бужаровска зборуваше за судството и темелните права. Таа вели дека со години се зборуваше за судството, а сега имаме за функционирање на судството - ќе не биде или не.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации вели дека во извештајот има сериозни забелешки и за економијата и за корупцијата. Иако, делот за економија обично се прескокнува во извештајот, вели Филков, но во тој дел ќе прочитате дека имаме најниска плата од сите земји, една од највисоките стапки на невработени млади, за тоа колку се спремни, односно неспремни фирмите за ударот од членството во ЕУ.

На дебатата за политичкиот критериум зборуваше Арбен Таравари од Движењето за реформи при ДПА.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG