Достапни линкови

Казахстан ја проширува соработката со ЕУ


Казахстанскиот премиер Карим Масимов

Казахстанскиот премиер Карим Масимов изјави денеска дека нов договор за проширено партнерство меѓу неговата земја и ЕУ ќе биде потпишан во наредниот месец. Говорејќи на форумот за економски развој во Евроазија, тој порача дека Казахстан сака подлабоки односи со ЕУ. Според него, Астана и Брисел дискутирале за Спогодбата за партнерство и соработка во изминатите 5 години. ЕУ пак сака да ја зајакне соработката со Казахстан, бидејќи земјата ја има најјаката економија во Централна Азија и е клучен партнер на Русија во Евроазиската економска унија.

XS
SM
MD
LG