Достапни линкови

Во наредните три дена само итни случаи на Дигестивна хирургија


Лекарскиот колегиум на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија во Скопје денеска соопштија дека се згрозени од обидот за убиство на нивниот колега и од реакциите на јавноста. Тие нагласија дека читаат за се посилни повици за линч на лекарите и ширење на лажни информации. Тие најостро го осудуваат говорот на омраза во јавноста искажан преку социјалните мрежи, односно пишаните и електронските медиуми. Според лекарите, се деградираат професионалци кои со љубов и пожртвуваност ја работат својата хумана професија.

Како израз на револт и разочараност, како што наведуваат едногласно донеле одлука дека денеска, утре и задутре нема да се оперираат елективни случаи и да се вршат елективни амбулантски прегледи. Оттаму, посочуваат дека итните случаи соодветно ќе бидат згрижувани.

XS
SM
MD
LG